За два месеци би се знаело дали обвинетите од СЈО воопшто ќе седнат на обвинителна клупа

од Vladimir Zorba

14355837_10154464529574804_371326309_n

По денешното поднесување на двата обвинителни предлози од Специјалното јавно обвинителство до Кривичниот суд, се очекува набрзо обвинетите да седнат и на обвинителна клупа, информира Фокус.

Но сепак, постои и правна можност да не дојде до судење, а обвинетите, уште не влезени во суд, да се спасат од обвинение и казна.

Најпрвин, обвинителниот предлог на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), мора да добие зелено светло од судија или совет во Кривичниот суд, односно ќе биде испратено на оценување.

И во двата случаја, оцената ќе ја врши судија поединец, бидејќи на обвинетите им е запретена затворска казна до пет години, а кога е запретена повисока казна, надлежен за оцена е совет.

Судијата оцената ќе ја врши самостојно, а по барање тоа може да се случи и на рочиште. На располагање има неколку можности. Да го потврди обвинението во целост, да го прифати делумно и да го врати на доработка или да го отфрли и да го врати во фаза на истрага. Само ако биде потврдено, следува закажување на судско рочиште.

Според Законот за кривична постапка, седницата за оценување на обвинението се закажува во рок од осум дена од приемот на приговорот против обвинителниот акт, односно по истекот на рокот за поднесување приговор против обвинителниот акт.

Доколку судијата или советот за оцена на обвинителниот акт смета дека е
потребно одржување на рочиште заради оцена на обвинителниот акт, закажува
рочиште за оцена во рок не подолг од 15 дена од приемот на приговорот против
обвинителниот акт, односно по истекот на рокот за поднесување приговор против
обвинителниот акт.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини