Заев: Димитров во Атина нема да разговара за името

од desk2

Премиерот Зоран Заев по излегувањето од Специјалното јавно обвинителство каде се јави како сведок и оштетен во случајот „Таргет“, за незаконско прислушување на над 5.000 граѓани рече дека министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска замина за Атина каде нема да разговара за името.


Според Заев, целта на посетата на македонскиот шеф на дипломатија Никола Димитров, на јужниот сосед е да се воспостават подобри односи меѓу соседите, да направи терен за почести средби на високо ниво.

На тој начин се надева Заев, же се опушти атмосферата за соработка и ќе се побара Грција да и помогне на македонија да ги откочи евроинтегративните процеси.

Тој смета дека така ќе се дојде и до решение за горчливиот проблем со името на Македонија, кое Грција го спори, а ќе се отвори пат и повторно медијаторот Метју Нимиц да ја посети Македонија и грција за да продолжат преговорите.
Заев додаде дека потоа же се консултира и опозицијата, за да на крај реши народот на референдум.

Слични содржини