Здружението на новинарите на Македонија најостро ја осудува морбидната закана по живот на новинарот Борјан Јованоски и неговото семејство. Испраќањето на венец со порака последен поздрав во домот на новинарот Јованоски е кукавички чин вперен против сите новинари во Македонија.

B5CA159E03D4A44E9A0049EDA5278526

Силно се солидаризираме со Јовановски а на испраќачите на ваквите закани им порачуваме дека новинарите во Македонија со вакви застрашувачки пораки нема да се одвратат од нивната мисија да ја информираат јавноста за реалноста во Македонија, се вели во реакцијата на ЗНМ, во која дополнително се повикуваат сите надлежни институции за расветлување на овој случај, а Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство веднаш да ги најдат и казнат нарачателите и доставувачот на заканите по живот против новинарот Јованоски.

ЗНМ смета дека овој инцидент е последица на ширењето на говорот на омраза во медиумите поттикната од однесувањето на политичките партии во Македонија.

Ја потсетуваме јавноста дека досега ниеден од инцидентите каде новинарите се мета на насилство, попречување на нивната работа, вербални закани, говор на омраза и притисоци нема судска разрешница. Со ваквиот неодговорен однос на институциите се поттикнуваат насилниците да продолжат да се закануваат на новинарите, се понатаму во реакцијата.

Слични содржини