Интервенираат врз Путин, објавуваат имиња на луѓе од Кина и арапскиот свет, но имиња од САД нема. Дали бидејќи истрагата по Панама пејперс се финансира од фондацијата на Сорос? – прашува јаво германски експерт преку DW. И други мислат како него.

0,,19163633_303,00

Во последните денови се почесто се слуша критиката дека истражувачките новинари објавиле неколку имиња на можни сопственици на фирми-со оф-шор сметки, но не доставиле доказ за конкретни нелегални транскции. За тоа зборуваат претежно адвокати и финансиски експерти, но и новинари. Списанието “Meedia” пример пишува дека истрагата е со “сомнителен квалитет”.
Сорос, Панама пејперс и сомнежите
“Со децении знаеме за постоењето на голем број фирми-поштенски сандачиња. Исто така, знаеме дека Панама е небесно место за такви компании. Со два збора: нема никаква изненадување”, вели финансискиот експерт Дирк Милер во интервју за Дојче Веле. Според него главното прашање е следново: “Не е толку важно кои имиња фигурираат во списокот. Уште поважно е кои не се во него. Паѓа во очи дека се објавуваат имиња на луѓе од Кина, Русија и арапскиот свет. Но, каде се најголемите имиња од Америка? Дали пред публикацијата на документите не биле повлекувани со цел да се обелоденат само одредени имиња? “, прашува Милер.

(ФОТО) Еве како ме уапсија: Сведоштво на Радован Караџиќ, коe се криеше осум години!

Експертот придава големо значење на фактот дека новинарскиот конзорциум, кој се занимава со откритијата од Панама пејперс, се финансира вклучувајќи и од “Отворено општество” на американскиот инвеститор Џорџ Сорос. “Уште во минатото за оваа група се зборуваше дека презентираат еднострани информации и извршуваат конкретни политички цели”, вели Дирк Милер.

0,,15875695_404,00

Новинарската организација сама призна дека селектирала само имиња на луѓе вклучени во санкциските листи на ОН. “Зошто ги објавуваат намерно имињата на одредени луѓе? Зошто не ги обелоденија сите имиња? Кој е заинтересиран за вметнувањето на Путин во играта?”, Прашува Дирк Милер. Поранешниот британски амбасадор во Узбекистан Крег Мареј го дели ова мислење. Тој го смета за “дипломатско лицемерие” барањето на новинарската група, дека голем дел од информациите требало да остане строго доверливи.

Псевдо-скандал?
“Многу врева за ништо” – овие зборови се на австрискиот министер за финансии Ханс Јерг Шелинг, според кого активностите на оф-шор фирмите не се задолжително криминални. Разбирливи се и укорите од страна на панамската влада дека во случајот станува збор за намерна дискредитација на земјата. Бидејќи и во Европа има даночни оази, на кои би требало да се гледа со критичко око. Луксембург, Ирска, Малта и Холандија, на пример, привлекуваат многу клиенти со делумно огромни даночни олеснувања. Истото важи за американските држави Делавер, Невада и Вајоминг, што донекаде објаснува зошто во Панама пејперс недостасуваат имиња на познати американски личности со оф-шор фирми во Панама.

Претседателот на Здружението на германските даночни обврзници Рајнер Холц Нагел исто така нагласува дека поседувањето на оф-шор фирма не е казниво дело. Многу германски банки не оспоруваат учество во офшор концепти. Дојче банк и хамбургшката приватна банка Беренбрег потврдија дека имаат бизнис со оф-шор компании, но истакнаа дека во тоа нема ништо лошо.

Засега скандалот околу Панама пејперс се ограничува до евентуални криминални активности на фирмите. Докази сеуште нема. Затоа и критичарите на откритијата прашуваат што ќе преземат истражувачките новинари оттука натаму. Од интервјуа на учесници во новинарските истраги станува јасно дека нивната примарна задача е завршена со публикацијата на Панама пејперс. Се останато е работа на обвинителствата и даночните власти.
Во меѓувреме панамската канцеларија “Мосак Фонсека” увери дека основаните од неа компании немаат ништо заедничко со даночно затајување, перење пари или други криминални активности. Адвокатската канцеларија располагала и со релевантните докази. Велат како и многумина финансиски експерти, дека на крајот може да се покаже дека надлежен скандал е двојниот морал на политиката која не делува доволно одлучно против даночните оази.

Слични содржини