Ѝ донираше бубрег, а потоа се оддалечија: Најдобрата другарка на Селена Гомез откри во какви односи се тие сега

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Селена Гомез и актерката Франсиа Раиса го обновија своето пријателство откако извесно време беа дистанцирани една од друга.

Двете се запознале во 2007 година, кога биле тинејџерки, а во 2018 година Франсиа ѝ донираше бубрег на Селена и ѝ го спаси животот.

Меѓутоа, после тоа сите почнаа да зборуваат за тоа дека веќе не се во добри односи, а овие приказни дополнително се подгреаа кога Гомез во интервју во 2022 година изјави дека Тејлор Свифт ѝ е „единствена пријателка“, а потоа во нејзиниот документарен филм таа воопшто не ја спомна Франсиа.

На социјалните мрежи луѓето масовно го коментираа ова. Се чинеше дека Франсиа е навредена, бидејќи таа ја коментираше оваа постапка на нејзината пријателка во објава што подоцна ја избриша.

Селена потоа се огласи на TikTok и рече: „Жал ми е што не ги спомнав сите луѓе кои ги познавам“.

Франсиа Раиса сега откри дека тие две се повторно блиски, а Селена јавно ѝ го честиташе роденденот.

„Ништо не се случи, а ако прашате некоја од нас, не знаеме што се случило“, изјави таа за USA Today.

„Но, ни требаше да се разделиме. Потоа, кога ќе се вратите заедно, ќе бидете подобри луѓе. Сè уште се запознаваме повторно“, истакна актерката.

Слични содржини