📷Кирстен Стјуарт предизвика сензација во црно

од Vladimir Zorba

Кога се појави на Оскарите во 2022 година во жешки панталони „Шанел“ и проѕирна кошула откопчана до половината, изданието на актерката Кирстен Стјуарт беше поздравено од многумина како „култен моден момент“.

Иако годинава не го повтори, последниве недели го привлекува вниманието со подеднакво впечатливи избори како дел од промо турнејата на романтичниот трилер „Love Lies Bleeding“.

Откако се појави на црвениот тепих во Лос Анџелес во црно боди, додека правеше споредби со новата сопруга на Канје Вест, 33-годишната Стјуарт сервираше ново смело издание во црно на улиците на Њујорк.

„Уловена“ додека пристигнуваше во ТВ студиото на шоуто „Late Show with Stephen Colbert“, таа го привлече вниманието во комбинација од долго здолниште со висок струк и разголен топ од „Моно“, создаден од низа треперливи реси.

Изданието го зачини со лакиран модел на чанта потпишан од „Шанел“, француска куќа со која има модна соработка долги години, а за доза на кул момент додаде црни очила за сонце – препознатлив модел Wayfarer  потпишан од брендот Ray-Ban.

За изданијата на Кристен Стјуарт во последните години се грижи холивудската стилистка Тара Свенен, која се погрижи за беспрекорните изданија на двојката Меконахи на овогодинешното доделување на Оскарите.

Слични содржини