📸 Еве кој ќе го замени Биковиќ во „Белиот лотос“

од Radmila Tasevska

Продукцијата на HBO откри кој ќе го замени српскиот драмски уметник во глобално популарната серија!
Милош Биковиќ беше исфрлен од серијата „Белиот лотос“ на HBO по ужасните напади на Министерството за надворешни работи на Украина.

Продукцискиот гигант реши и покрај одлуката да му ги плати сите хонорари на српскиот драмски уметник, а сега му најдоа замена, колега од Бугарија.

Имено, бугарскиот актер Јулијан Костов ќе го игра редовниот руски лик, кој првично требаше да го игра Милош.

Како што е најавено, третата сезона на популарната серија ќе се снима во и околу Кох Самуи, Пукет и Бангкок, пишува „Deadline“, пренесе Стандард лајф.

Костов е познат по улогата на Федор Камински, лик инспириран од Русија, во сезона 1 од фантастичната серија на Нетфликс, Shadow & Bone.

 

Слични содржини