📸 „Изненадување, изненадување“: Хилари Даф го очекува четвртото дете

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата актерка Хилари Даф го очекува четвртото дете со сопругот, а приказната за нивната љубов е нешто што ги заинтригира сите.

Познатата актерка Хилари Даф веќе три пати се оствари во улогата на мајка, а како што откри на својот Инстаграм, нејзиното семејство го очекува четвртото дете.

Ова е трето дете на Хилари со нејзиниот сегашен сопруг Метју Ком, со кој веќе има две ќерки, а претходно доби син со Мајк Комри.

Интересен податок е дека Метју и Хилари биле најдобри пријатели, но сфатиле дека со текот на времето меѓу нив се развила љубов и влегле во љубовна врска, а подоцна ја крунисале со брак.

Хилари на својот Инстаграм профил објави фотографија на која го покажа трудничкиот стомак, а со симпатичниот опис што ја придружува фотографијата ги разнежни своите следбеници.

„Се трудев да го сокријам ова некое време“, напиша Хилари.

Таа неодамна на својот Инстаграм профил ја откри веста за бременоста, со божиќна честитка кога позираше со семејството, а на фотографијата се познава нејзиниот труднички стомак.

„Изненадување, изненадување“, напиша актерката, и навистина изненади многумина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hilary Duff (@hilaryduff)

Слични содржини