📸 Израел тврди дека префрла инкубатори за бебињата во Газа

од Stefanija Kuzmanovska

Израелската армија објави дека е во процес на „координирање на трансфер на инкубатори од болница во Израел во Газа“.

Заедно со соопштението објавено на социјалните мрежи, израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија слика од еден од нивните војници како истоварува инкубатор од комбе на паркинг. Не е прецизирано каде е направена фотографијата.

Веста доаѓа по најновите предупредувања од палестинските здравствени работници дека новородените бебиња страдаат поради недостаток на залихи во болниците во Газа – особено електрична енергија, без која не може да работи одредена опрема, пред се инкубаторите.

Во неделата Светската здравствена организација објави дека најголемата болница во градот Газа, Ал-Шифа, престанала да функционира и дека ситуацијата во таа здравствена установа е „страшна и опасна“.

Портпаролот на израелските сили Даниел Хагари рече дека Израел ќе помогне да се евакуираат бебињата кои страдаат во „побезбедна болница“ – иако не е јасно дали инкубаторите ќе бидат испратени во Ал-Шифа.

Медицинскиот персонал рече дека за безбедно преместување на бебињата потребна е софистицирана опрема.

Слични содржини