📸 Марк Закерберг започнал да одгледува стока: „Ќерките ми помагаат“

од Stefanija Kuzmanovska

Марк Закерберг на Фејсбук откри дека почнал да одгледува стока. Тој позираше додека јадеше стек, а потоа објасни дека одгледува крави на Хаваите.

„Почнав да одгледувам стока на ранчот Коолау на Кауаи и мојата цел е да произведам едно од најквалитетните говедски меса во светот. Сакаме целиот процес да биде локален и вертикално интегриран“, напишал Закерберг во објавата.

„Моите ќерки ми помагаат и се грижат за нашите животни. Сè уште сме на почеток и забавно е да се подобруваме секоја сезона. Од сите мои проекти, овој е највкусниот“, додава Марк.

Слични содржини