📸И понатаму и стои: Славната Хелена Кристенсен блесна во фустанот кој го носеше пред 28 години

од Vladimir Zorba

Модата од 90-тите направи големо враќање на една од најпосетените забави за Оскар – и тоа на повеќе начини.

Легендарната убавица од модните писти Хелена Кристенсен воодушеви многумина со своето излегување во црно-бел фустан на едно рамо, особено кога ја откри приказната зад него.

Денес, 55-годишната Кристенсен на својот Инстаграм профил откри дека веќе имала можност да го носи овој фустан, во 1996 година, на ревијата на Џон Галијано во Париз.

„Бев толку возбудена што ќе можам да се вратам во еден од моите омилени фустани што ги носев на пистата – елечето овој пат не беше целосно затворено“, призна Кристенсен за фустанот што последен пат го носела пред 28 години.

Овој архивски примерок на фустан на Џон Галијано не е само во плакарот на позната Данка. Истиот модел е достапен во продажба на веб-страницата Tab Vintage, по цена нешто повисока од 10 илјади евра.

Слични содржини