📽 Шенон Доерти откако ракот ѝ се прошири и на коските: „Не сакам да умрам“

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Шенон Доерти даде големо интервју за магазинот „Пипл“, на кое ќе ја има на насловната страница овој декември.

„Не сакам да умрам. Не сум завршила со животот. Не сум завршила со љубовта. Не сум завршила со создавањето. Не сум готова со надежта дека ќе ги променам работите на подобро“, навела Шенон Доерти.

Актерката, која е позната по улогите во „Беверли Хилс, 90210“ и „Волшебнички“, е искрена и оптимистична додека зборува за ракот на дојката во четвртата фаза, кој откако се проширил во мозокот, се проширил и на коските.

„Лудо е што сè уште немаме лек за оваа болест“, вели таа.

Актерката се надева дека ќе ги има сите услови да стане дел од клиничките истражувања за нови третмани. Сака да ја подигне свеста за луѓето кои боледуваат од рак.

„Луѓето мислат дека не можеме ништо, веднаш не отпишуваат. Сепак, имаме сила, сакаме да живееме и сакаме да работиме“, порача таа.

 

„Моите најголеми спомени допрва доаѓаат. Се молам. Се будам и легнувам заблагодарувајќи му се на Бога, молејќи се за работите што ми се важни, а сепак, не барам премногу. Тоа ме поврзува со некоја виша сила и духовност. Мојата вера е мојата мантра“, заклучила таа.

Слични содржини