📽 Водителка покажа среден прст во програма во живо

од Stefanija Kuzmanovska

Мерјам Мошири, водителка на Би-Би-Си, не беше свесна дека е во живо во програма, па ѝ даде среден прст на милионската публика во телевизиската програма во средата во 12 часот по Обединетото Кралство.

Мошири имаше гаф пред камерите во живо откако заврши познатото музичко одбројување на програмата. Штом сфатила дека програмата се емитува во живо, една од главните водителки на мрежата Би-Би-Си набрзина станала сериознила и почнала да ги чита насловите за Борис Џонсон.

„Во живо од Лондон, ова е Би-Би-Си Њуз“, објави таа, но во еден момент се збуни поради грешка, па кога зборуваше за пандемијата на коронавирус, мрмореше „коронавери“ наместо „коронавирус“.

Гледачите веднаш реагираа на социјалните мрежи. Некои ја критикуваа поради недоволната професионалност, додека други, мислејќи на тоа што покажа среден прст, се пошегуваа дека „и тие го мислат истото за својата работа“.

Мошири беше главна тема и во британските медиуми во септември – тогаш ја прочита веста за ретката сина супермесечина, а кога фотографијата од неа не се појави на екранот, водителката ги насмеа гледачите со нејзиниот урнебесен импровизиран приказ на истата.

„Многу ми е жал, немам фотографија да ви покажам“, им рече Мошири на гледачите во паника додека ги креваше рацете во круг за да ја претстави полната месечина.

Слични содржини