10 нешта за кои силните жени никогаш не треба да се извинуваат

од desk2

Дами, во некои ситуации навистина треба да се извините, но многу често нема никаква потреба од тоа. Според едно истражување, жените многу почесто се извинуваат во секојдневни ситуации. За многу жени извинувањето е поврзано со концептот на учтивост, но колку сте учтиви кон себе ако се извинувате за сè? Па погледнете ги 10-те работи за кои никогаш не треба да се извинувате.

1. Вашиот љубовен статус
Да се биде сингл не е никакво злосторство и покрај тоа што постојано ве прашуваат кога ќе се венчате. Ако имате партнер, нема потреба да стапите во брак за да уживате во долгата и здрава врска. Без разлика каков е вашиот љубовен статус, вашата вредност не се менува во зависност од љубовниот живот. Да бидете среќни со себе и со вашиот живот е најважното нешто, без разлика што ви зборуваат и што другите сакаат од вас.

2. Како ја користите вашата матка
Дали родителите постојано ве прашуваат кога ќе ги направите баба и дедо иако сметате дека мајчинството не е за вас? Вашите репродуктивни органи се ваши и никој не смее да донесува одлука за тоа како ги користите освен вие самите. Можеби некој ви има кажано дека е себично да имате само едно дете. Или пак ве критикуваат бидејќи сакате да имате 5 деца бидејќи е „нормално“ да имате само 2. Вашата матка е ваш избор. Вие одбирате како и колку ќе ја користите. Мајчинството е нешто што трае цел живот, па само вие можете да одлучите дали тоа е за вас или не.

3. Вашиот родителски стил
Дали имате среден дом со 2 деца и куче, а сите упорно тврдат дека ниту една „вистинска“ мајка нема таков чист дом? Дали му дозволувате на детето да гледа телевизија додека уживате во утринското кафе, но истовремено се чувствувате виновни бидејќи „вистинските мајки“ треба да обрнуваат внимание на своите деца? Или пак можеби едвај чекате вашите деца да заминат на факултет. Без разлика како ги одгледувате децата, вие го давате најдоброто од себе. Никој не може да ви каже како треба да изгледа и да се однесува „вистинска мајка“. Вие сте вистинска мајка без разлика како го правите тоа и сте многу добри во тоа. Погледнете колку се неверојатни вашите деца.

4. Вашиот сексуален живот
Дали имате слушнато дека повеќето парови имаат секс 2 пати неделно? Дали се плашите дека тоа што имате секс само еднаш неделно го уништува вашиот брак? Или пак ви е срам да споделите дека имате секс секој ден? Сè додека вие и вашиот партнер сте задоволни со сексуалниот живот, ништо друго не е важно. Истражувањата покажале дека ако имате секс поради друга причина, а не поради тоа што навистина го сакате, можете да ѝ наштетите и на врската, но и на вашето расположение. Секој ден, два пати неделно или еднаш месечно не ја дефинира вашата врска.

Она што е важно е вие да бидете задоволни.

5. Вашиот успех
Немате висока плата до вашите 30-ти? Сигурно ви кажале дека немате амбиција. Ја сакате кариерата и сакате да напредувате? Тогаш сте премногу амбициозни. Сакате да останете дома и да се грижите за вашите деца? Тогаш немате „вистинска“ амбиција. Кој рекол дека грижата за вашите деца не е амбиција? Без разлика што работите и колку заработувате, вашиот труд е важен. Ако сте задоволни и го сакате она што го правите, ништо друго не е важно. Обидот да постигнете „успех“ според некоја надворешна скала само ќе предизвика привремена гордост, но нема да се чувствувате исполнето и задоволно.

6. Вашата рутина за убавина
Дали ви е потребен цел час да се подготвите? Дали постојано гледате видеа на Јутјуб за шминкање? Или пак готови сте за помалку од 20 минути и сакате природен изглед? Станувањето експерт за шминкање или одлуката да не носите шминка не е никаков криминал. Ако се чувствувате убаво кога ќе се нашминкате, правете го тоа. Запомнете дека ако се чувствувате убаво во вашата кожа кога ќе излезете надвор, ништо друго не е важно. Сите знаеме дека самодовербата доаѓа од внатре и шминката или недостатокот од неа нема да го промени тоа.

7. Вашиот личен стил
Дали сакате униформа или хеланки со тесна маичка? Дали сакате брендирана облека? Дали некој ви кажал дека средовечните жени не треба да носат кратки здолништа? Истражувањата покажале дека облеката што ја носиме влијае на тоа како се чувствуваме за себе. Она што прави да се чувствувате убаво е ваш личен избор, не на општеството, на пријателката, на партнерот или на вашата мајка. Одбирајте облека која одговара со вашиот животен стил. Облека која прави да се чувствувате храбро и среќно. Облеката која прави да се чувствувате моќно е подобра и од комбинациите во модните списанија.

8. Вашето тело
Гордо ги покажувате вашите стомачни? Со задоволство носите бикини иако имате големи гради? Бројот на вашата вага, големината на вашиот фустан или вашите мускули не ја дефинираат вашата вредност. Без разлика какво е вашето тело, вие заслужувате да бидете слушнати без да ви судат. Фокусирајте се да го живеете животот до максимум и не бидете опседнати со вашето тело. Нема потреба да ги одложувате задоволствата сè додека не исполните некој критериум за убавина. Она што е важно е да бидете здрави и да се грижите за себе.

9. Прифаќање или борење против вашата возраст
Дали со гордост ја носите побелената коса? Дали имате закажано за ботокс третман? Денес постојат безброј правила за тоа како „правилно“ да стареете, но зошто да ги следите? Притисокот да изгледате „младо“ ве тера да се откажете од личноста којашто сте и да се срамите од природата на човекот. Наместо тоа, обидете се да изгледате најдобро. Стареењето е неизбежен дел од животот и не треба никому да објаснувате како ќе се справите со тоа. Годините се само број, задржете ја младоста на вашиот дух.

10. На што сакате да трошите пари
Не можете да го започнете денот без некое поскапо кафе? Секој месец одите на козметичар? Дали патувањата ви предизвикуваат задоволство? Дали ви се има случено да ве прашаат како можете да трошите пари на сè и сешто? Сè додека не се задолжувате, ако трошењето на одредени работи прави да се чувствувате убаво, продолжете со тоа. Животот е краток, па потребно е да си пружите и некои задоволства.

Престанете да ја трошите вашата енергија објаснувајќи ги вашите избори и извинувајќи се за тоа како го живеете вашиот живот. Никој нема право да ви суди.

Слични содржини