Петровска: Добивме уверување дека целиот процес на признавање на автокефалноста наскоро ќе заврши

од Vladimir Zorba

„Нашата Охридската Архиепископија која е столб на македонскиот национален идентитет, официјално е примена во канонско единство во сеправославниот христијански свет! Со заедничкото денешно богослужење и врачувањето на актот за прифаќање во литургиско единство од Вселенскиот Патријарх на Архиепископот г.г. Стефан е направен голем исчекор до добивање на Томос за целосна автокефалност и благодариме за поддадената рака“, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на Фејсбук.

„Благодарност и за оддадената чест на премиерот, Димитар Ковачевски, на литургијата да го прочита Симболот на верата во име на македонскиот народ, на македонски јазик, како потврда за нашата македонска посебност и идентитет. Честитки до Архиепископот г.г.Стефан, Светиот Архиерејски Синод на нашата Црква, верниците и сите граѓани од државата.

Овде во седиштето на Вселенската патријаршија добивме уверување дека целиот процес на признавање на автокефалноста наскоро ќе заврши со потпишување на Томосот од Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј.

Благодарение на Одлуката на Вселенскиот патријарх г.г Вартоломеј и потоа нејзино прифаќање од СПЦ се прекина повеќедецениската сестрана изолација и етаблирање на нашата возобновена Охридска Архиепископија како рамноправен меѓународен ентитет во православната екумена што е голем успех на нашата Црква, народот и државата“, напиша Петровска.

Слични содржини