16-годишен бегалец со обвинение за подготвување голем терористички напад во Келн

од Vladimir Zorba

Тој добил “многу јасни инструкции” од џихадисти за изработка на експлозивна направа

1481008691-1
Обвинителството во германскиот град Келн подигна обвинение за планирање на терористички напад, против 16-годишен бегалец, пишува весникот Der Spiegel.

Оценката на податоците од мобилниот телефон на момчето покажала дека тој добил “многу јасни инструкции” за правење на експлозивна направа од мигрант кој има наводни врски со блискоисточните џихадисти од “Исламска држава”, прецизираат истражните и полициски органи.

Бегалецот е уапсен во септември за наводно планирање на бомбашки напад. Конкретната цел на нападот не се соопштена.

Момчето наводно избегало од граѓанската војна во татковината Сирија заедно со семејството и во јануари 2015 година дошол во Германија, по што бил сместен во бегалски камп во Келн. Шестнаесетгодишниот не е непознат за полициските власти – тој им паднал во видното поле уште во јуни оваа година.

Слични содржини