2020 година е година на Стаорецот, прочитајте што ни носи

2020 година е кинеска година на Белиот стаорец. Лунарната година почнува од 25 јануари 2020 година и завршува на 11 февруари 2021 година, а кинескиот хороскоп вели дека таа ќе биде успешна за повеќето знаци.

Следната година ќе биде година на можности за луѓето родени во хороскопскиот знак Стаорец, па овие среќници ќе имаат неверојатна година, а се ќе им оди од рака. Меѓутоа, немојте да станете мрзеливи и да земете се здраво за готово.

Година на Стаорецот: 1936, 1948, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020.

Вол

Воловите ќе мора малку повеќе да се потрудат за да дојдат до она што порано им доаѓало многу лесно. Можеби ќе мора да работите малку повеќе од вообичаено, но наградата ќе биде вредна на трудот. Ќе мора доста да работите на физичкото и менталното здравје во 2020 година. Чистењето на „нередот“ кој се насобрал ќе може да ја одреди вашата иднина доколку со него се позанимавате. Нема да бидете успешни во импленетација на нови проекти во 2020 година, но треба повеќе внимание да посветите на сегашноста.

Години на Свиња: 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021

Тигар

Во 2020 година ќе имате се под контрола.Без разлика дали се тоа личните односи со луѓето, работата или здравјето.Ќе се уверите во тоа дека оваа гофина ќе мора да работите понапорно. Доближете се до пријателите кои ве „полнат“ со позитивна енергија и инспирираат. Оние негативните исфрлете ги од животот. Остварете ги своите цели и немојте да се задоволувате со остатоците.

Години на Тигарот: 1938, 1950, 1962, 1974, 1998, 2010, 2022.

Зајак

Оваа година е година на просветлување за оние родени во знакот Зек. Научете нови вештини кои ќе ви помогнат во напредок во животот. Немојте премногу да расипувате. Држете го стресот под контрола. За да опстанете ќе доживеете некакво просветлување. 2020 е година за унапредување на своите фронтови. Уживајте во прекрасната година која е пред вас.

Година на Зајакот: 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023.

Змеј

Чудно, но 2020 година ќе биде многу мирна за оние кои се родени во годината на Змејот. Понекогаш ќе се чувствувате малку демолирано, но тоа е затоа што би требало да се занимавате со спорт и да се држите до рутините. Новите пријатели ќе ве анимираат, а убаво ќе се согласувате и со колегите на работа.

Година на Змејот: 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012, 2024.

Змија

Змиите ќе имаат повеќе од пријатна година. Ќе бидат разрешени од сите проблеми и ќе имаат голем простор за напредок. Спијте што повеќе и грижете се за своето здравје. Врските ќе ви бидат значајни и романтични, а ова е добра година за самците да најдат компатибилни партнери во љубовта.

Година на Змејот: 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013, 2025.

Коњ

Доколку копнеевте за промена, сега е вистинското време за тоа. Имате прилика во 2020 година да се откажете од сите лоши навики и малку да се опуштите. Сменете го начинот на кој трошите пари. Ова е година е идеална да испробате нешто што никогаш предходно не сте го правеле.

Година на Коњот: 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014, 2026.

Коза

Година на трансформација за козата. Промените ќе бидат важен дел од вашиот живот на секој чекор. 2020 ќе биде одлична година за промена на животниот стил, промена на работата и излез од токсичен однос. Немојте премногу да се грижите околу парите. Соочете се со проблемите полни оптимизам и веднаш ќе се видат резултатите.

Година на Козата: 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015, 2027.

Мајмун

Мајмуните ќе бидат енергични, друштвени и полни со живот, а токму во годината на Стаорецот, вашиот социјален живот ќе го достигне врвот. Здравјето ќе ви биде стабилно, а исто така и финансиите. Спонтаноста со која работите, ќе ви се исплати.

Година на Мајмунот: 1944, 1956, 1968, 1980, 2004, 2016.

Петел

Ќе имате и повеќе од успешна година. Ќе бидете поемотивни што би можело да влијае позитивно и негативно. Не дозволувајте импулсивните постапки да ви влијаат на кариерата и работата. Кога се парите во прашање, запомнете дека би требало да штедите, барем малку.

Година на Петелот: 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2017, 2029.

Куче

Година на нови почетоци за хороскопскиот знак Куче. Годината на стаорецот ви отвара можност за флексибилни и отворени размислувања. Среќата и просперитетот ќе ве следат во работата. Обрнете внимание на сите прилики кои ви се даваат и искористете ги.

Години на Куче: 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2018, 2030.

Свиња

Кинеските редвидувања велат дека оваа година ќе биде слобода за свињите. Родените во годината на свињата ќе бидат многу продуктивни и среќни. Без разлика дали е во прашање романтиката или кариерата, се ќе биде стабилно и ќе дишете среќа. МОрате да водите сметка за помалите здравствени проблеми кои ве мачат.

Година на Свињата: 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019, 2031.

Слични содржини