Во струмичката болница веќе нема место за ковид-пациенти, ќе се опремува дополнителен простор

од Nikola Popovski

Инфективното одделение во Струмица е полно со пациенти заразени со ковид-19 и таму веќе извесен период нема можности за сместување нови болни со полесна клиничка слика, поради што струмичката болница почнала со опремување дополнителен простор.

Со оглед дека се чувствува потреба директорот на болницата Наќе Гогов најавил адаптирање на простор во новиот болнички крак за да се лекуваат пациенти со Ковид 19 кои имаат полесни сиптоми.

„Приморани сме да опремуваме дополнителен простор за да бидат третирани на соодветен начин“, изјавил Гогов и според него, во моментов на Инфективното одделение се лекуваат вкупно 15 пациенти, што е максимумот согласно дадените протоколи за работа од здравствените власти.

Струмица деновиве станува ново жаритеште со оглед дека бројката на заболени од ковид 19 постојано се зголемува. Во групата на инфицирари не се само повозрасни туку и млади лица на возраст од 15 до 30 години тврдат лекарите кои причините ги гледаат во непочитување намерките.

Во Струмица деновиве излезе и првиот позитивен случај од детска градинка заради што цела група до 11 деца со две воситувачки се ставени во изолација.

Слични содржини