Амфилохије ќе биде погребан во храмот во Подгорица

од Vladimir Zorba

Погребот на црногорско-приморскиот митрополит Амфилохије ќе биде в недела во криптата на Црквата Христово воскресение во Подгорица, по литургија, соопштија од Српската православна црква.

Утрово, патријархот на Српската православна црква, Иринеј, за Нова.рс изјави дека смртта на митрополитот Амфилохије претставува еден од најтажните денови во историјата на Српската православна црква и дека српскиот народ останал без една голема личност.

„Ова е еден од најтажните денови за нашата Црква. Голема загуба и голема тага. Замина добар човек и голем теолог. Не го очекувавме тоа, се надевавме дека сè ќе заврши добро. Господ нека му даде вечно блаженство. Лишени сме од големи личности“, рече патријархот Иринеј.

Да потсетиме, митрополитот Амфилохије почина утрово во клиничкиот центар во Подгорица.

По повод смртта на архиепископот, ѕвоната на сите православни цркви во Црна Гора, се до погребот, ќе ѕвонат во 10, 12 и 16 часот, објавија од неговата митрополија.

Мандаторот за состав на новата Влада на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, претходно денес на својот Твитер профил, ја повика црногорската влада во заминување да прогласи ден на жалост по повод смртта на Амфилохије.

Слични содржини