Илјадници работници штрајкуваат низ САД, бараaт поголеми права

од Milan1

Илјадници работници продолжуваат да штрајкуваат низ САД барајќи зголемување на платите и подобри услови за работа, откако холивудските уметници постигнаа договор во последен момент со продуцентите, избегнувајќи штрајк што се заканува[e со катастрофални последици за големите продукции.

Кевин Бредшо работи за компанијата за житни производи на Келог во Мемфис, каде што се произведуваат повеќето од популарните северноамерикански „мусли“.

Иако станува збор за успешна компанија, Бредшо не е задоволен од „кратењето“ на здравствено осигурување и пензиските полиси, а намален е и неговиот број слободни денови.

Синдикалците велат дека мерките може да влијаат на околу 1.400 работници кои штрајкуваат од 5 октомври во фабриките во Мичиген, Небраска, Пенсилванија и Тенеси.

„Она што е премногу е премногу“, вели Бредшо, потпретседател на синдикатот.

„Повеќе не можеме да попуштиме пред компанија која бележи рекордна заработка“, објасни тој.

Директорите на Келог накратко рекоа дека примањата во нивната компанија се едни од највисоките во индустријата.

Околу 60.000 сценски работници ангажирани за снимање холивудски филмови и телевизиски серии во саботата не им се придружија на работниците на Келог, постигнувајќи договор со продуцентите.

Активистите за работнички права се жалат дека иако многу работници се покажаа неопходни и незаменливи во кризата со ковид-19, тоа не влијаеше врз нивниот третман од страна на работодавачите.

Оваа година, имаше 176 штрајкови во САД.

„Пандемијата навистина ги откри нееднаквостите во нашиот систем и работните луѓе одбиваат да се вратат на лоши работни места што само го загрозуваат нивното здравје“, рече Лиз Шулер, претседател на најголемата синдикална федерација, (AFL-CIO).

Иако „Амазон“ во април го задуши обидот за синдикализација во Бирмингем, Алабама, синдикалните лидери дека ќе можат да се изборат за поголеми работнички права.

Агенциите потсетуваат дека во април, со мнозинство гласови против, „Амазон“ успешно го порази обидот за синдикализација, но Синдикатот на малопродажба, трговија на големо и стоковни куќи (RWDSU) поднесе официјална жалба до Националниот комитет за работни односи (НЛРБ), тврдејќи дека „Амазон“ незаконски се мешал во гласањето.

Работниците тогаш беа поддржани од сенаторот Берни Сандерс и републиканскиот политичар Марко Рубио, додека претседателот о Бајден зборуваше за придобивките од синдикализацијата, но експлицитно не го спомена случајот со синдикатот.

Професорот Харли Шајкен сега е убеден дека „влегуваме во нова ера на работни односи“ бидејќи „работниците чувствуваат дека куцнал нивниот час“.

„Она на што сме сведоци е борба да се вратиме или барем да останеме во средната класа“, рече Шајкен.

Членството во синдикатите постојано опаѓа во последните децении, од 20 проценти од Американците вработени во 1983 година, на само 11 проценти во 2020 година.

Но, сега дури 68 проценти од Американците го поддржуваат синдикатот, што е најголем број од 1965 година, а меѓу оние на возраст од 18 до 29 години, синдикалната поддршка е уште поголема, 78 проценти.

Слични содржини