80
Европската централна банка е подготвена да и обезбеди на Централната банка на Грција до 68 милијарди долари вонредно финансирање во рамките на програмата за вонредна помош, јавени Bloomberg, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.
Така, Централната банка на Грција ќе може да обезбеди ликвидност на кредитите. Даденото решение следеше по одбивањето на ЕЦБ да ги прифати грчките обврзници во замена за финансирање. Претставник на ЕЦБ засега не го коментира дадениот предлог.