Турската поп-ѕвезда Таркан се ожени на скромна церемонија во вилата во Тарабија на брегот на Босфор. Пејачот рече “да” на Панар Дилек, а интересно е дека пред да се запознае со неа, таа му била фан.bcb7c9e8a1ee378ba3935c48f1656c2f

Венчавката била во тесен круг – во присуство на родителите и роднините на Таркан и Дилек. Според озборувања сепак претстои раскошна свадба во наредните денови.

Таркан беше еден од најпознатите и долгогодишни ергени на Турција.Озборувањата за ергенскиот живот долги години ги занимаваа папараците. Но во последно време животот на Таркан почна да се поврзува со Панар Дилек, која живееше во Германија.

Панар била луд фан на Таркан и се запознала со пејачот на негов концерт во Германија. Долго време поп ѕвездата избегнуваше да зборува за врските.

Минатата година Таркан најави дека ќе се ожени за Панар Дилек. Свадбената церемонија беше закажана за ова лето, по Рамазан Бајрам.

Папараците тврдат дека Таркан го повлекол датумот на склучувањето на брак неколку месеци порано бидејќи има претпоставки дека Панар е бремена.

Слични содржини