Железничкиот сообраќај трет ден во прекин

од desk2
Железничкиот сообраќај во земјава трет ден е во целосен прекин поради протестот на вработените на „Македонски железници – инфраструктура“ чии синдикати бараат решавање на проблемот со исплатата на платите.
 Не сообраќаат ниту патничките, ниту товарните возови, информираат од Железничката станица во Скопје. Од „Македонски железници – транспорт“ велат дека вториот дел од платата за декември 2016-та ќе им биде исплатен на вработените пред почетокот на викендов, а на крајот на месецов и платата за јануари. Оттаму објаснуваат дека лани поради блокадите во Грција, но и поради миграциската криза „Македонски железници“ претрпеле загуба од пет милиони евра. Исто така биле вратени долгови во вредност од 15 милиони евра по што повторно се јавуваат финансиски проблеми во претпријатието.
Оваа недела предвидени се разговори во владата за долгорочно да се решат состојбите во „Македонски железници“.

Слични содржини