Протести против независноста на Каталонија во Барселона

од desk2

Барселона се подготвува за нови протести против отцепувањето на таа покраина од остатокот на Шпанија во момент кога Каталонската цивилна асоцијација ги повика противниците на независноста да излезат денеска попладне на улици.

Според организаторите, цел на маршот е да се одбрани единството на Шпанија и да се отфрли „нападот без преседан во историјата на демократијата“.

Нивниот слоган е – „Ние сме сите Каталонија. Здрав разум за коегзистенција“.
Се очекува присуство на членови на централната влада во Мадрид и припадници на партии кои се залагаат за единство на државата. За денеска не се најавени собири на приврзаници на независноста на Каталонија.

Слични содржини