66
Тетовската полиција поднела кривична пријава против 20-годишниот М.Ф. (20) од тетовското село Пирок, поради сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.
Како што информираат од МВР, М.Ф. на 06 октомври минатата година во Гостивар упатил закани кон Е.А. (18) од гостиварското село Сенокос, со што ја наговорил да влезе во такси возило со кое потоа се упатиле во домот на пријавениот.
Отако пристигнале, пријавениот и соопштил на Е.А. дека таа ќе му биде сопруга, по што ја држел во неговата куќа до 15 ноември 2017-та година. Тој ден, од телефонот од таткото на пријавениот, девојката се јавила на татко и.
Родителите и братот на Е.А., заедно со полициски службеници пристигнале во село Пирок и ја земале девојката.