Се составува список на загинати во масакрот во Германија : Меѓу жртвите има и лице од Балканот

од Nikola Popovski

Меѓу жртвите од терористичкиот напад на наргиле-бар во германскиот град Ханау има и босански државјанин, објави турскиот весник „Хуријет“.

Според сведоците, напаѓачот прво пукал кон тројца турски гости, а потоа и кон келнер. Тој потоа се упати кон кафулето „Арена“ каде убил 20-годишен Турчин, 20-годишен Босанец и келнерка од Полска.

Германското обвинителство го опиша нападот како терористички чин, бидејќи се сомнева дека убиецот, кој по масакрот ја убил својата мајка, па се самоубил, бил екстремен десничар.

Слични содржини