Абдиу-Халили: Скринингот заврши, спремни сме за отварање на кластерите и продолжување на реформскиот процес

од Radmila Tasevska

Северна Македонија успешно го заврши скринингиот со Европската Комисија.

Денес на агендата во Брисел беше билатералниот скрининг за Поглавје 31 – “Надворешна, одбрaмбена и безбедносна политика”, како дел од 6-от и последен кластер – Надворешни односи.

Дел од владината делегација за ова поглавје беа: Заменик претседателот на владата и Главен преговарач Маричиќ, Министерот за надворешни работи Османи, како и државната секратарка и заменик главен преговарач со ЕУ Дрита АБдиу Халили.

“За време на скринингот увидовме дека како држава имаме добро ниво на усогласеност на законодавството, но имплементацијата останува предизвик. За да ги постигнеме критериумите на ЕУ, потребно е интензивно да работиме во наредниот период, при отворањето на кластерите, затворањето на поглавјата, реформирањето и развојот на нашата земја, до полноправно членство во унијата во 2030 година”, кажа на нејзиното завршно обраќање Абдиу-Халили.

Во Поглавје 31 имаме 100% усогласеност со законодавството на ЕУ, поради фактот дек асме земја членка на НАТО, и континуирано сме работеле на усогласување на надворешната, одбранбената и безбедносната политика со таа на ЕУ и НАТО Алијансата.

Понатаму на нејзиното завршно обраќање пред Европската комисија, заменик главниот преговарач со ЕУ и државана секретарка во Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Дрита Абдиу-Халили, наведе дека како држава  докажавме дека сме подготвени да ги продолжиме преговорите, да продолжиме со отворање на кластерите и да ја достигнеме нашата стратешка цел, полноправно членство во ЕУ до 2030 година.

Напоменуваме дека скринингот со Европската Комисија започна на 15 септември 2022 година. Цел на скринингот беа вкупно 33 поглавја и 3 области, со над 90 дена на активни скрининг сесии во Брисел, 850 презентации од страна на македонската делегација.Во процесот беа активно вклучени над 900 експерти од 206 институции од нашата државна администрација, како и 800 експерти од Европската комисија. За време на 15 месеци, колку што и траеше скрининг процесот,  од страна на Европската Комисија беа презентирани над 4500 акти, мерки, регулативи и директиви.

Слични содржини