Адел средe концерт призна: „До 11 часот наутро пиев четири шишиња вино“

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Адел на својот настап во Лос Анџелес ѝ призна на публиката дека имала проблеми со алкохолот.

Имено, таа откри дека била подготвена да испие четири шишиња вино до 11 часот, додека морала да биде затворена во куќата за време на коронавирусот.

„Се сеќавам кога дојдов овде за време на изолацијата, до 11 часот наутро пиев четири шишиња вино. Како и сите нас, планирав да издадам албум во 2020 година, но завршив дома со алкохол“, изјавила пејачката пред публиката и додала дека алкохолот го исфрлила од животот кога почнала да вежба и да се храни здраво.

„Престанав да пијам. Тоа е одличен начин да се запознаете себеси, да пиете вода и да останете трезни“, истакна Адел.

Таа откри и дека повторно почнала да оди кај терапевт, бидејќи разводот со поранешниот сопруг Сајмон Конецки во 2019 година ѝ бил многу тежок.

„Повторно отидов на терапија бидејќи немав одено неколку години. Морав да почнам“, изјавила Адел.

Слични содржини