Суштинските елементи од Договор во Скопје се веќе спроведени, а оддржувањето на изборите на 5-ти јуни ќе овозможи почеток на крајот на политичката криза во земјата, но претставува предуслов за враќање на нашите државни приоритети кон евроатлантската агенда, истакнал лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба со амбасадорите од земјите-членки на ЕУ.

1458042578-foto

Во седиштето на Европската Унија во Скопје, Ахмети беше поканет од страна на евроамбасадорот Аиво Орав на работен состанок со сите амбасадори на земјите-членки на Европската Унија, акредитирани во Македонија, соопшти ДУИ.

Ахмети пред амбасадорите ги претстави ставовите на ДУИ во врска со последните политички случувања во земјата, меѓуетничките и меѓусоседските односи, спроведувањето на обврските според Договорот во Скопје, вонредните избори и Евроатлантската интеграција. Според Ахмети, улогата на меѓународната заедница во постигнувањето на договорот во Скопје бил од клучно значење додека суштинските елементи од договорот се веќе спроведени.

ДУИ, како што посочил Ахмети, ќе се ангажира за следење на дијалогот и спроведување на итни реформи по изборите на 5-ти јуни.

– ДУИ ќе се фокусира во воспоставувањето на стабилноста и безбедноста, решавање на прашањата со соседите кои ја попречуваат интеграцијата во НАТО и ЕУ, меѓуетничките односи, спроведување на приоритетните реформи, економскиот развој и социјалната заштита, итн, се наведува во соопштението од ДУИ.

Ахмети и амбасадорите разговарале и, како што се наведува, околу важноста на меѓуетничките односи, злоупотребата на верските симболи за политички цели, како и за распределбата и нелегалното објавување на прислушувани материјали каде што се побара кривична одговорност за злоставувачите, стои во текстот.

piter-vanhojte640-420x240

Вчера пак посредникот Ванхауте, во интревју посочи дека земјата не е подготвена за избори, од препораките на Прибе има “нула” постигнувања!
“Највидлива разлика што сум ја забележал во оваа земја е климата на стравот. Со кого и да разговараш, каде и да отидеш, луѓето се уплашени. Не сум видел такво нешто претходно во ниту една од другите земји од регионот. Причината за ова, очевидно, е тоа што една партија успеала да ја зароби државата, претпочитајќи авторитарен начин на владеење. Тие контролираат се – секој ќош во општеството е контролиран од нив. Тоа е она што го нарекуваме авторитарен режим. Тоа, според мене, е најголемата разлика во споредба со која и да е друга земја од регионот. И тоа е многу, многу лошо”-вели белгискиот посредник Питер Ванхауте, во интервју за порталот Слободна Македонија.

Тој посочува дека земјава во овој момент не е спремна за никакви избори.
Слободна Македонија: Директната политичка вмешаност во изборните манипулации од 2014 година не е адресирана ниту на судско, ниту на политичко ниво. Бројните обелоденети нерегуларности од претходните избори сеуште не се адресирани од новиот состав на Државната изборна комисија. Дали сме спремни за предвремени избори, без да ги надминеме сериозните манипулации и нерегуларности од претходните избори?
Матичната евиденција основа за бришење на фантомски гласачи- Трајанов бара извештај од ДИК!

Питер Ванхауте: Секако дека не сте спремни за никакви избори во овој момент. Поради конфликтната ситуација што ја перципираме денес, согледувајќи ја огромната измама од претходните неколку години до денешен ден, како и неверојатниот притисок со кој се соочуваат луѓето кои работат во јавната администрација, неверојатниот притисок што го гледаме врз луѓето што работат во образовниот систем. Ова е неприфатливо. Такво нешто не сум видел во ниту една земја од регионот претходно, ниту на било кое друго место. Нема таков преседан. Како резултат на ова, мојот заклучок е дека оваа земја не е подготвена за избори. Нормално е, во една конфликтна ситуација, прво да ги решите проблемите, реалните проблеми, а потоа да се договарате за тоа кога да се организираат избори. Овде се прави сосем обратното. Од сите препораки во Ургентните реформски приоритети и извештајот на Прибе, досега не е постигнато ништо. Има нула постигнувања! И да се оди така на избори е шега. Не треба да го правите тоа.

 

Слични содржини