Ако може принц, можам и јас: Босанец го следи примерот на Меган и Хари и се осамостојува

од Elena Daskalova

Можеби скандалот на кралското семејство не му е баш смешен, но светот сето тоа го гледа на малку поинаков начин.

На сатиричниот портал Шатро се појави сведоштво на 38-годишниот Емир од Сараево, кој се поистоветил со оваа ситуација и одлучил и самиот да се осамостои.

„Време е, одлучив. Ако еден принц може да реши да се откачи од сукњата на баба му и нема да зема џепарлак од неа, можам и јас. Не сум ништо полош од него, имам свое јас и ако може тој, тогаш можам и јас да не земам веќе пари од моите родители пензионери. Хари треба да биде пример на сите млади на Балканот кои не се сигурни кога е вистинско време да кажат збогум на кафето и кладилницата и да станат финансиски независни. Ме погоди овој негов гест и се запрашав што правам јас во животот и колку тоа има смисла. Имаат и моите добра пензија и ми даваат дел додека да најдам работа. Знаете, како дипломиран политиколог, не би сакал да работам било што, сепак, имам диплома. Во преодниот период ќе земам пари од нив, но само за кладилница и теретана, ништо повеќе.“

Слични содржини