Ако струјата поскапи во 2022, ќе помогнеме со ваучери, вели Заев

од Nikola Popovski

Стандардот расте, просечната плата расте за време на пандемија, минималната плата расте, а невработеноста опаѓа. Тоа е реткост на европскиот континент и во светот, вели премиерот Зоран Заев вечерва во гостувањето на ТВ Сител.

Според него, проблемите со електричната енергија е меѓународен проблем и е присутен насекаде.

-Граѓаните треба да знаат дека цената на струјата останува иста до крајот на годината, а доколку се менува во 2022 година, ние сме спремни со ваучери да помогнеме, информира Заев.

Тој најави дека доколку е тоа потребно, подготвени се посебни пакети како ваучери за домаќинствата кои од економско-социјален аспект ќе ја компензираат евентуалната разлика во цената како инструменти за поддршка на граѓаните.

– Гледате четири години нема мрднато цената на струјата за разлика од пред некои 8 месеци четири до пет пати е зголемена на меѓународните берзи струјата а тука е иста. Така што граѓаните треба да бидат спокојни и воопшто да не стравуваат, заклучи премиерот.

Слични содржини