Актерите од „Хари Потер“ ќе се соберат во специјална епизода

од Vladimir Zorba

Актерската екипа на Хари Потер е поканета да снима специјална епизода посветена на 20-годишнината од премиерата на првиот филм. Идејата е слична на успехот од неодамнешното враќање на серијата „Пријатели“.

Се вели дека Даниел Редклиф (Хари), Руперт Гринт (Рон Визли) и Ема Вотсон (Хермиона Гренџер) ќе рекреираат некои иконски сцени како што се качувањето во Хогвортс Експрес, што води до магичното училиште.

Снимањето треба да се одржи во студиото Warner Brothers во Хертфордшир. Извор за „The Sun“ изјави дека на триото му било понудена голема сума за проектот, кој сè уште е „обвиен во тајност“.

„Би било неверојатно кога би можеле да понудат голема сума пари на актерската екипа за повторно обединување. Сите тие имаат многу убави спомени од времето кога снимаа заедно“, рекол изворот за „The Sun“.

Првиот филм „Хари Потер и филозофскиот камен“ беше премиерно прикажан во 2001 година, а последниот „Хари Потер и реликвиите на смртта“ – Втор дел беше во 2011 година.

Иако од актерите е побарано да учествуваат, не е јасно дали авторката Џоан Роулинг ќе им се придружи.

Даниел Редклиф неодамна ја критикуваше авторката на книгата за нејзините коментари за трансродовите луѓе. Потсетуваме дека неодамна Џоан сподели статија „Создавање поеднаков свет по Ковид-19 за луѓето со менструација“.

Слични содржини