Активини 84 случаи: Скоро половина од заразените во Скопје се од Чаир

од Берта Китинска

Од направени 885 тестирања, вчера беа регистрирани 76 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-52, Куманово-2, Штип-1, Тетово-14, Велес-2, Гостивар-2, Кочани-1, Пробиштип-1 и Кратово-1.

Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти во: Скопје-12, Куманово-2, Тетово-11 и Гостивар-1.

Во ГОБ „8 септември” почина пациентка од Струга (56г) примена во болницата на 21 мај како сомнителна на ковид, потврдена позитивна по прием во болница.

На листата од Институтот за јавно здрвје е даден моментален приказ на активните случаи по општини во Скопје и Тетово како најзафатени региони во овој момент, односно региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.

Комисијата за заразни болести најдоцна до утре ќе одлучи дали ќе предложи враќање на рестриктивните мерки за време на продолжениот викенд, пред христијанскиот празник Духовден.

– Одлуката ќе ја донесеме во следните неколку денови, сигурно до четврток, имајќи предвид дека и в петок има празник, кога може да се случи граѓаните да не ги почитуваат превентивните мерки. Во однос на тоа како ќе се изведе, сигурно добро ќе се разгледаат регионите, па потоа ќе разговараме со одговорни лица во МВР, кои што евентуално би го организирале сето тоа. До четврток ќе се донесе дефинитивна одлука за тоа како ќе се организира движењето во текот на викендот, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Слични содржини