Ал Сиси: Најмалку 90 милијарди долари ќе бидат потребни за обнова на Газа

од Vladimir Zorba

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси изјави дека ќе бидат потребни најмалку 90 милијарди долари за обнова на разурнатиот Појас Газа.

Тој во говорот во Каиро рече дека побарал од египетските институции да ги проценат трошоците за обнова на Појасот Газа, кој беше значително уништен од израелските напади и нагласи дека за тоа ќе бидат потребни 90 милијарди долари, пренесе Анадолија.

Тој посочи дека „она што се случува во Газа е предизвик за Египет и за целиот регион“.

„Преминот Рафа е отворен 24/7 и сакаме да донесеме помош во Појасот Газа“, рече Ал Сиси.

Слични содржини