Алабаковски ќе биде во домашен притвор

од Nikola Popovski

Пејачот Ламбе Алабаковски ќе биде преместен во домашен притвор, одлучил Основниот суд во Битола, по жалбата на неговиот адвокат. Со ова судот ја преиначил мерката притвор од осум дена, која му беше изречена пред два дена.

Алабаковски е осомничен за кривично дело – предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, за подметнување пожар во кој се запали вратата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Алабакоски е поп-пејач кој во изминатите неколку години живееше во Соединетите Американски Држави. Пред неколку месеци се врати во Македонија со своето семејство.

Вчера во Битола се одржа и протест, организиран од Левица, под мотото „Слобода за Павле“.

Слични содржини