Алијансата за Албанците со поддршка на референдумот на 30 септември

од desk2

Претставници на Штабот од Алијансата за Албаниците денеска со прес-конференција во Тетово повикаа на поддршка на реферндумот што ќе се одржи на 30 септември.

– Алијансата за Албанците донесе политичка одлука дека референдумот од 30 септември масовно да биде поддржан од страна на целото нејзино членство повикувајќи ги и неопределените албански гласачи да го поддржат без никаква дилема, дотолку повеќе, што позитивен референдум ќе отвори многу политички можности за целосно остварување на правата на Албанците како државотворен народ во Македонија. На секоја средба со нашите активисти преовладуваше убедувањето дека интеграцијата на нашата земја во НАТО и во европскато семејство ќе отвори ново поглавје за безбедна перспектива кон политичка и економска благосостојба на сите граѓани, изјави шефицата на штабот на Алијансата за Албанците Бујаре Абази.

Нагласи дека заеднички заклучок на партиските структури, активистите и политички неопределените граѓани е дека владеењето на правна држава, борбата против организираниот криминал, политичката и економска еднаквост на нејзините граѓани многу полесно можат да дојдат до израз доколку сме дел од евроатлантските вредности и институции.

Таа посочи дека стратешката и идеолошка определба на Албанците не само во Македонија , туку на сите албански простори, била и ќе остане секогаш покрај САД, НАТО и земјите на Европската унија како универзални вредности кои имаат цел зачувување на мирот и безбедноста како и отворање на економски и развојни можности, нови работни места.

Слични содржини