Алкохолот побрзо ги убива жените отколку мажите

од Stefanija Kuzmanovska

Ново истражување покажува дека и покрај фактот дека мажите сè уште имаат поголема веројатност да умрат од болести поврзани со алкохол, јазот меѓу нив и жените се намалува. Порастот на смртните случаи е резултат на „несреќната“ родова еднаквост – жените сега посегнуваат по чашата речиси исто колку и мажите.

Неодамнешното истражување покажало дека 49 отсто од жените пиеле во претходниот месец, во споредба со 55 отсто од мажите. Посебно жените во триесеттите и четириесеттите сега пијат повеќе од нивните машки колеги, пишува „National Geographic“.

За разлика од тешките дроги, алкохолот генерално се смета за помалку опасен начин за ублажување на стресот и ги намалува инхибициите за жените, вели Друти Пател, специјалист по психијатрија за зависности на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мајами.

„Тоа е легално, лесно достапно и не е социјално табу, така што жените се чувствуваат помалку загрижени поради пиењето алкохол“, вели таа.

Ефектите на алкохолот зависат од физичката градба

За алкохолот се користат различни термини, кои имаат за цел да ја променат свеста на корисникот дека и малите количини вино, пиво или коктели го загрозуваат здравјето.

Минатата година, глобалната непрофитна „Светска федерација за срце“ ја предизвика широко распространетата идеја дека дневната чаша црвено вино е добра за вас. Секоја количина го зголемува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и аневризма, велат од групата.

Дури и кога консумираат иста количина на алкохол како и мажите, жените се поподложни на неговите негативни ефекти. Експертите го оправдуваат тоа со фактот дека жените имаат повеќе масно ткиво и помалку вода од мажите со слична тежина, што резултира со поголема концентрација на алкохол во крвта. Жените исто така имаат помалку ензими кои го метаболизираат алкохолот. Се смета дека нивните хормонални флуктуации играат улога во тоа колку брзо се разложува алкохолот.

Според истражувањата, жените кои консумираат алкохол имаат повеќе здравствени проблеми од мажите. Исто така, жените кои пијат два пијалока дневно или помалку имаат зголемен ризик од смрт.

Според истражувачите, според статистиката направена во 2018 година, нивниот број е драстично зголемен. Смртноста кај жените се зголемува годишно за 15 отсто, а кај мажите за 12,5 отсто.

„Вакви податоци не беа очекувани, а покрај употребата на алкохол се зголемува и употребата на опијати. Често, тие се мешаат и предизвикуваат колапс и смрт“, рече Ибрахим Караи, коавтор на студијата задолжен за истражување на здравјето на населението на Универзитетот Хофстра во Хемпстед, Њујорк.

Слични содржини