Американците се прашуваат: Зошто постои Северна Македонија?

од Stefanija Kuzmanovska

Американската компанија CashNetUSA објави интересна мапа на која се прикажани најчестите прашања за европските земји кои ги интересираат Американците.

Компанијата анализирала различни прашања поставени на Google и составила мапа на најчестите прашања што ги поставуваат Американците за секоја европска земја.

„Зошто Германија има толку многу патишта?“ беше прашањето за таа земја кое најмногу ги интересираше Американците, додека за Франција клучното прашање беше: „Зошто имаат петел на дресот?“. Исто така беа заинтригирани зошто на Кипар има толку многу мачки. Кога станува збор за Велика Британија, најмногу ги интересирало зошто возат по левата страна на патот, додека за Русија ги мачело прашањето зошто го сакаат Чернобил.

Кога станува збор за нашата земја, она што најмногу ги интересирало и најмногу гуглале е „Зошто постои Северна Македонија?“, што едноставно остава без коментар.

Но, што да очекуваме од нација на која ѝ треба потсетување дека кондомите се користат само еднаш и чии граѓани не знаат да покажат каде се другите земји на карта.

Интересни се и бараните информации за балканските земји. Кога станува збор за Хрватска, Американците најмногу ги заинтригирал географски детаљ, „Зошто Хрватска го има целото крајбрежје?“. Се прашуваа зошто Црна Гора има шпанско име (Montenegro), зошто Босна и Херцеговина „има две имиња“ и дали Србија ја поддржува Русија.

Слични содржини