Арапско-курдски единици водат жестоки борби со терористите северно од Ракка

од desk2

Жестоки судири меѓу арапско-курдски единици на “Демократските сили на Сирија”, поддржани од САД, и терористи од ИД се водат северозападно од Ракка, се вели во распространета порака на ДСС.

Во соопштението се вели дека судирите стануваат со пожестоки и се користи “тешко вооружување, артилерија и митралези”. Резултатите од борбите се уште не се познати.

Вчера во интервју за сирискиот весник “Ал Ватан”, претставникот на ДСС Талат Село изјавил дека за воспоставување на целосна блокада на Ракка ќе бидат потребни не повеќе од две недели. Според зборовите на Село, само тогаш ќе почне операцијата за освојувањето на градот. По оценка на експерти, сега во Ракка најверојатно се наоѓаат од 3 до 4 илјади терористи.

Слични содржини