Артета бесен по поразот од Тотенхем

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го изрази своето крајно незадоволство од судењето по поразот со 0:3 од Тотенхем во Премиер лигата. Арсенал остана со играч помалку во 33. минута, откако дефанзивецот Роб Холдинг за осум минути доби втор жолт картон. Претходно Тотенхем отвори од пенал преку Хари Кејн.

„Ќе бидам казнет шест месеци ако кажам што мислам. Подобро да не кажувам ништо, бидејќи не можам да лажам. Не сум разочаран од моите играчи, напротив – горд сум на нив. Сакам и судијата да застане пред камера и да ги објасни своите одлуки. Ова е срамота. Да се ​​уништи еден толку добар натпревар на овој начин. Овој натпревар е историја. Не чека следниот против Њукасл. Се е во наши раце, ние сме должни да си ја работиме работата“, коментира Артета.

Арсенал и Тотенхем се во битка за четвртото место во поредокот, односно место во групите од Лигата на шампионите. Арсенал моментално има 1 бод предност пред Тотенхем, а до крајот на сезоната остануваат уште две кола.

Слични содржини