Асад: Немам намера да се сретнам со Ердоган

од Aleksandar Petrovski

Средба со турскиот претсесдател Реџеп Тајип Ердоган би била невкусна се додека турската армија се наоѓа на нашата територија, изјави сирискиот претседател Башар ал-Асад во интервју за телевизијата „Раша Тудеј“ (РТ).

-Не мислам дека оној кој ја окупира вашата земја ќе биде меѓу вашите приоритети за средба, изјави сирискиот лидер во одговор на прашање дали има шанса за средба меѓу него и неговиот турски колега.

Асад, сепак, забележа дека не е против преговори со Анкара.

-Ние не ја гледаме Турција како  непријател. Турскиот народ е наш сосед. Имаме заедничка историја. Непријателот е Ердоган и неговата политика, подвлече шефот на сириската држава.

Слични содржини