Авто-револуција: Автомобилите повеќе нема да бидат исти

од desk2

Американската компанија Џенерал моторс (GM) работи на прв автомобил за масовно производство кој нема да има волан и папучи.

GM од федералната влада во Вашингтон побара дозвола за возила без возач кои веќе следната година би се нашле на патиштата, пренесе AP.

Доколку добие зелено светло од регулаторот, GM планира да тестира до 2.500 модификувани „шевролет болтс“ на патиштата во најмалку седум држави.

СО лансирање вакви возила, GM сака да ослободи дополнителен простор за уште еден патник и да ја намали тежината на возилата.

Слични содржини