Азербејџан трпи големи загуби: За три дена уништени 137 тенкови и оклопни транспортери (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Извештајот на Министерството за одбрана на Ерменија покажува дека Азербејџанците претрпеле огромни материјални загуби за време на тридневниот конфликт во Нагорно Карабах.

Артсрун Хованисјан, портпарол на ерменското Министерство за одбрана, рече дека противтенковски единици и артилерија уништиле 137 тенкови и оклопни транспортери. Соборени се 72 беспилотни летала, седум хеликоптери и еден авион. И сето тоа за три дена конфликт.

Слични содржини