Баерн се насочува кон тренерот на Феенорд

од Vladimir Zorba

Тренерот на Феенорд, Арне Слот е една од опциите за тренер на Баерн. Баварците бараат тренер откако се договориле со Томас Тухел да си замине на крајот од сезоната.

Најбараниот кандидат на управата на Баерн е Чаби Алонсо, но во клубот знаат дека тешко ќе ја добијат битката со Ливерпул за неговиот потпис.

На „Алијанц Арена“ не се на јасно дали евентуалното назначување на Слот би било ризик, но тие се импресионирани од неговата работа. Тој ја освои титулата тренер на годината на Холандија во 2022 и 2023 година, откако минатата сезона го предводеше тимот до финалето на Конференциската лига и титулата во холандската лига.

Слични содржини