Бајден: Неверојатно е важно да се утврди како кокаинот стигнал во Белата куќа

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џо Бајден е информиран за истрагата за откривањето на кокаин во Белата куќа и смета дека е „неверојатно важно“ Тајната служба да утврди како супстанцијата стигнала таму, изјави денеска портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

„Претседателот верува дека е неверојатно важно да се истражи ситуацијата до крај“, рече Жан-Пјер, пренесува АП.

„Ројтерс“ објави, повикувајќи се на неименуван извор, дека кокаинот бил пронајден во дупка во влезната област на западното крило на Белата куќа, каде посетителите оставаат електронски уреди и други предмети пред да одат на обиколки.

Слични содржини