157
Во Германија беше испечатена банкнота со номинална вредност нула евра, пишува Neue Osnabrücker Zeitung. Банкнотата, за чие печатење дала дозвола Европската централна банка, е колекционерска.
Со неа не може да се купи ништо. Таа сепак е отпечатена на истата хартија, на која се печатат и редовните банкноти евра и ги има сите мерки за заштита, вклучувајќи холограми и водени жигови.
Издаден се само 5000 примероци. Цената на една ваква банкнота е 2,50 евра.