Бензема искористи фотографија од убиен рапер за да му каже на Мбапе дека е предавник

од Nikola Popovski

Долго траеше сагата за трансферот на Килијан Мбапе во редовите на Реал Мадрид, но Французинот во последен момент го „ја промени плочата“ и реши кариерата наместо во Шпанија да ја продолжи во татковината.

Но, додека парижаните го прославуваа продолжувањето на договорот на најдобриот играч на тимот од „Паркот на принцовите“, во Мадрид настана општ хаос.

Најпрвин челниците на Примера најавија дека ќе биде поднесена тужба против ПСЖ, навивачите реагираа крајно бурно, но по начинот на кој ја коментираше целата ситуација се истакна соиграчот на Мбапе од репрезентацијата и напаѓач на Реал, Карим Бензема.

Бензема на својот Инстаграм објави фотографија од познатиот американски рапер Тупак Шакур како се збогува со актерот Стивен Болдвин, помладиот брат на многу попознатиот Алек Болдвин, која е направена непосредно пред убиството на Тупак.

Меѓутоа, Бензема не ја објави таа фотографија поради Болдвин или самиот Тупак, туку поради човекот кој стои зад раперот. Имено, човекот кој гледа преку неговото рамо е еден од најблиските пријатели на Тупак, а кој подоцна учествувал во убиството кое се случило на 13 септември 1996 година.

Останува да видиме како ќе изгледа се кога Бензема и Мбапе ќе бидат во иста просторија, со оглед на тоа дека двајцата фудбалери се очекува да настапат на Светското првенство во Катар кое е закажано кон крајот на 2022 година.

Слични содржини