Бесими: Постојат неспорни факти за мојата невиност

од Destan Jonuzi

Поранешниот директор на тетовската болница, Флорин Бесими, кој е обвинет за пожарот на модуларната болница во Тетово, изјави дека има неспорни докази за неговата невиност. По вторпат откажување на судското рочиште, Бесими се надева дека истата ќе започне што поскоро.

– Со фактите ќе ја докажам мојата невиност за овој трагичен настан. За ова има неспорни докази кои ќе ги откриеме во текот на судскиот процес. Затоа, се надевам дека овој судски процес наскоро ќе започне и ќе заврши, изјави Бесими.

Во случајот со пожарот на модуларната болница во Тетово обвинети се Флорин Бесими, Артан Етеми и Бобан Вучевски. Следното рочиште за опожарувањето на модуларната болница во Тетово ќе се одржи на 8 ноември.

На 8 септември 2021 година избувнал пожар во модуларната болница за COVID-19 пациенти во Тетово. Во пожарот загинале 14 лица, од кои 12 биле пациенти, а двајца роднини на пациентите. На 10 септември, два дена по пожарот, оставка дадоа министерот за здравство Венко Филипче, заменик-министерот Илир Хасани, директорот на тетовската болница Флорин Бесими и економскиот директор на болницата Артан Етеми.

Слични содржини