Битиќи: Оваа држава ни е заедничка и за неа така треба да се грижиме

од Stefanija Kuzmanovska

Владата на СДСМ уште еднаш покажа како одговорно, државнички и демократски се води државата, напиша на Фејсбук вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

„За жал ВМРО ДПМНЕ уште еднаш на дадена шанса го покажаа спротивното. Не ги гласаа ниту своите министри во техничката влада и докажаа дека развојот и европскиот пат за нив никогаш не бил и нема да е опција.

Честитки и успешен мандат на новиот прв вицепремиер Бојан Маричиќ, новиот министер за внатрешни Панче Тошковски, новиот министер за труд Ѓоко Велковски, како и новиот претседател на Владата, Талат Џафери. Ги повикувам министрите на ВМРО ДПМНЕ да ја остават партиската игранка која ја сведочевме денеска. Оваа држава ни е заедничка и за неа така треба да работиме и да се грижиме.

Нека ни е честита новата Влада. Да служиме чесно, достоинствено и одговорно“, порача Битиќи.

Слични содржини