Бившата на Буфон: Разбрав за неверството од медиумите (18+)

од Vladimir Zorba

Пред неколку години, легендарниот голман на Јувентус и репрезентацијата на Италија, Џанлуиџи Буфон се вљуби со новинарката Иларија Д’Амико.

Нема ништо лошо во тоа. Проблемот е што во исто време тој се уште беше во брак со чешкиот модел Алена Середова – мајка на неговите први две деца.

Убавицата даде опширно интервју за списанието „Chi“, во кое зборува долго за приватниот живот и не ја одмина темата со разводот.

„Всушност разбрав за неверството на Џиџи од медиумите. Сакав крајот на мојот брак да биде различен, но не секогаш го добиваш она што го сакаш“, вели Алена.

Слични содржини